2025Проекти
Alkaloid Analytics
Мерните станици мерат непрекинато, но податоците стигнуваа до оние што одлучуваат дури откако некој рачно ќе ги извлечеше. Системот сега ги чита во реално време и сам ги изготвува извештаите.

Што не функционираше
Податоците од мерните станици се собираа рачно и се обработуваа во табели. Од мерењето до моментот кога некој ќе забележеше отстапување минуваше премногу време, а за секој извештај некој трошеше цел работен ден.
Што направивме
Внатрешна веб-апликација што ги чита податоците од станиците во реално време, ги прикажува на графикони низ времето и сама ги изготвува периодичните извештаи, во истиот формат во кој се предаваа и досега.
Имате сличен процес што сè уште се води рачно?