Политика за приватност
Последна измена: 30 септември 2026
Оваа политика објаснува кои лични податоци ги собираме преку prisma.mk, зошто ги собираме и што можете да побарате од нас. Обработката се врши согласно Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.
Контролор на податоците
Контролор на личните податоци е ФИКСИГО ДООЕЛ Тетово, со седиште на Булевар Видое Смилевски Бато бр. 1, 1200 Тетово, Северна Македонија, што работи под името Prisma.
За сите прашања поврзани со личните податоци пишете на gorjan@prisma.mk или јавете се на +389 70 344 899.
Кои податоци ги собираме
Собираме само она што вие сами го внесувате во контакт формата:
- име и презиме
- адреса на е-пошта
- име на компанија, ако го наведете
- телефонски број, ако го наведете
- содржината на пораката што ни ја праќате
Зошто ги обработуваме
Единствената цел е да одговориме на вашето барање и да подготвиме понуда. Правниот основ е вашата согласност, што ја давате со штиклирање на полето во формата, и подготовката за склучување договор на ваше барање.
Не ги користиме за рекламни пораки и не ви праќаме билтен без да го побарате.
Со кого ги споделуваме
Со никого. Податоците од формата се испраќаат на нашата е-пошта и остануваат кај нас. Не ги продаваме, не ги изнајмуваме и не ги пренесуваме на трети лица за нивни цели.
Сајтот е сместен кај давател на хостинг-услуги, кој ги обработува само техничките записи потребни за работа на серверот.
Колку долго ги чуваме
Преписката ја чуваме додека трае комуникацијата и најдолго две години потоа, за да можеме да се навратиме на претходен разговор. По тој рок ја бришеме. Ако побарате порано бришење, го правиме веднаш.
Колачиња и аналитика
Сајтот не поставува колачиња за следење и не користи алатки за аналитика на трети страни. Јазикот се чита од самата адреса на страницата, па за него ништо не се зачувува на вашиот уред.
Вашите права
Во секое време имате право да побарате:
- пристап до податоците што ги чуваме за вас
- исправка на неточен податок
- бришење на податоците
- ограничување или приговор на обработката
- повлекување на дадената согласност
Како да поднесете барање
Испратете порака на gorjan@prisma.mk. Одговараме во рок од 30 дена. Ако сметате дека вашите права се повредени, имате право да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.
Измени на оваа политика
Ако ја смениме политиката, новата верзија ја објавуваме на оваа страница со нов датум на измена.