Назад на почетната
PrismaПрашања

Прашања и одговори

Што нè прашуваат клиентите пред понудата - за системи по мерка, сајтови и продавници.

Софтвер по мерка

Колку чини систем по мерка?

Зависи од обемот, но не мора да го нарачате целиот систем одеднаш. Почнуваме со еден модул со јасна цена и рок, а потоа вие одлучувате дали продолжуваме. Предлогот и проценката се бесплатни.

За колку време ќе ги видиме првите резултати?

Првиот функционален модул обично го добивате за неколку недели, а не за неколку месеци. Работиме во кратки циклуси токму за да не чекате на документација.

Дали се плаќаат лиценци?

Зависи од договорот. Ако воведуваме наш готов систем - на пример Prisma ERP или систем за евиденција на нега - се користи со лиценца. За апликација изработена по мерка, условите се дел од понудата.

Што ако веќе имаме друг софтвер?

Во повеќето случаи системот се поврзува со она што веќе го користите - сметководство, каса, PLC, банка - наместо да го заменува. Замената е ваш избор, не услов.

Дали го одржувате системот и потоа?

Да, со договор за одржување и поддршка.

Веб-сајтови

Колку време трае изработката?

Зависи од бројот на страници и од тоа колку брзо ќе стигнат текстовите и сликите. Точниот рок го пишуваме во понудата, која ја добивате во рок од 48 часа.

Дали можам сам да ги менувам текстовите и сликите?

Да, во пакетите Напреден и Премиум. Добивате систем за уредување и обука при пуштањето, па за секоја ситна измена не мора да нè барате.

Дали сајтот ќе биде прилагоден за мобилен?

Да. Секој сајт работи на телефон, таблет и компјутер - тоа е вклучено во сите пакети, не се доплаќа.

Може ли сајтот да биде на повеќе јазици?

Да. Основниот пакет е на еден јазик, Напредниот на два, а Премиум на три или повеќе - на пример македонски, англиски, албански и други по ваш избор.

Што ви треба од мене?

Текстовите, сликите и логото, и една кратка средба за да знаеме што треба да постигне сајтот. Ако немате домен, ви помагаме да го регистрирате.

Веб-продавници

Кои начини на плаќање се можни?

Банкарска уплата и плаќање при достава во сите пакети. Картично плаќање преку македонска банка (cPay, CaSys и други) е вклучено во пакетите Напреден и Премиум.

Колку трае одобрувањето од банката за картично плаќање?

Зависи од банката, во просек од 5 до 10 дена. Ви помагаме со барањето и со техничкото поврзување, па продавницата може да почне со уплата и плаќање при достава додека чекате.

Може ли продавницата да се поврзе со мојата залиха или програма?

Во повеќето случаи да - со програмата за залиха, сметководство или каса што веќе ја користите. Колку е сложено зависи од програмата, па тоа го проверуваме пред понудата.

Колку производи можам да имам?

Неограничено, во сите пакети. Колку производи ќе внесеме ние при изработката, а колку ќе внесете вие, договараме во понудата.

Системи за закажување

Преку кои канали стигнуваат потсетниците?

Viber, WhatsApp, SMS или е-пошта - клиентот го добива потсетникот таму каде што најчесто чита пораки.

Кој стои зад системот за закажување?

Системот е РезервирајСи (rezervirajsi.mk), на нашиот партнер. Ние се грижиме да се поврзе со вашиот сајт, за клиентите да закажуваат таму каде што веќе ве наоѓаат.

Хостинг и одржување

Што вклучува месечното одржување?

Ажурирања, резервни копии, безбедност и ситни измени на текстови и слики. Одржувањето е по избор.

Кој се грижи за хостингот и доменот?

Како што ви одговара. Можеме ние да ги обезбедиме и одржуваме, или сајтот да го поставиме на хостинг што веќе го имате.

SEO и Google Maps

За колку време се гледаат резултатите?

Техничките поправки се гледаат во Search Console за неколку недели. Подобрувањето на позициите е побавно и обично трае неколку месеци, зависно од конкуренцијата.

Дали гарантирате прво место на Google?

Не. Позицијата ја одредува Google, кој често го менува начинот на рангирање, па никој не може искрено да ја гарантира. Ние гарантираме сајт што е технички исправен, брз и што Google може целосно да го прочита.

Што е Google Business профил и дали ми го поставувате?

Тоа е картичката што Google ја прикажува кога некој ве бара по име или бара „во близина“ - со адреса, работно време, телефон и рецензии. Да, го поставуваме и го поврзуваме со Google Maps и со сајтот.

Кажете ни што ви треба.

Во рок од 48 часа добивате предлог, рок и понуда - без обврска.