Услуги
PrismaУслуги

Веб-апликации

Она што денес го водите во табели станува систем што го користи целиот тим, од канцеларија и од терен.

01Веб-апликации

Што добивате

  • Систем изграден според вашиот процес, а не обратно
  • Податоците се внесуваат само еднаш
  • Права на пристап по улога и историја на измените
  • Работи од канцеларија и од терен, на компјутер и на телефон
  • Поврзување со софтверот што веќе го користите
  • Одржување и поддршка со договор
02Начин на работа

Од разговор до систем во употреба

Четири чекори. По вториот точно знаете што добивате, за колку време и по која цена.

  1. 01

    Разговор и увид

    Поминуваме половина ден со луѓето што ја вршат работата. Процесот го гледаме таков каков што навистина е, заедно со сите заобиколни решенија.

  2. 02

    Предлог, рок и понуда

    Добивате писмен предлог со обем на работа, рок и цена. Без обврска - не мора ние да го изработиме системот.

  3. 03

    Првиот модул во употреба

    Почнуваме од делот каде што проблемот е најголем и брзо го пуштаме во употреба. Наместо документација на хартија, уште на почетокот добивате систем што работи.

  4. 04

    Раст и одржување

    Следните модули ги додаваме во кратки циклуси, врз систем што веќе се користи, со договор за одржување и поддршка.

03Проекти

Слични проекти

Внатрешен систем

Актива - Извештаи

2026

Клиенти, вработени, распоред и плати - сè во еден систем. Пресметката што порано се правеше во табели сега произлегува од истите податоци што ги внесуваат вработените на терен.

Внатрешен системПлати
Прочитајте ја студијата на случај
pay.darbo.mk

MyDarbo

2026

Плаќање сметки без шалтер и без најава: корисникот ја отвора фактурата и ја плаќа за неколку секунди. Наплатата се следи автоматски.

НаплатаСамопослужување
Прочитајте ја студијата на случај
martihigiena.mk

Марти Хигиена

2025

Услугата и плаќањето на едно место: клиентот ја плаќа фактурата на истиот сајт на кој ја нарачал услугата.

04Прашања

Прашања што ги добиваме пред понудата

Колку чини систем по мерка?

Зависи од обемот, но не мора да го нарачате целиот систем одеднаш. Почнуваме со еден модул со јасна цена и рок, а потоа вие одлучувате дали продолжуваме. Предлогот и проценката се бесплатни.

За колку време ќе ги видиме првите резултати?

Првиот функционален модул обично го добивате за неколку недели, а не за неколку месеци. Работиме во кратки циклуси токму за да не чекате на документација.

Дали се плаќаат лиценци?

Зависи од договорот. Ако воведуваме наш готов систем - на пример Prisma ERP или систем за евиденција на нега - се користи со лиценца. За апликација изработена по мерка, условите се дел од понудата.

Што ако веќе имаме друг софтвер?

Во повеќето случаи системот се поврзува со она што веќе го користите - сметководство, каса, PLC, банка - наместо да го заменува. Замената е ваш избор, не услов.

Дали го одржувате системот и потоа?

Да, со договор за одржување и поддршка.

Сите прашања
05Контакт

Закажете разговор

Опишете го процесот што сакате да го подобрите. Во рок од 48 часа ќе ви одговориме со предлог, рок и цена.

Или контактирајте нè директно

+389 70 344 899ViberWhatsAppgorjan@prisma.mk

Булевар Видое Смилевски Бато бр. 1, 1200 Тетово, Северна Македонија