Услуги
PrismaУслуги

Веб-сајтови

Брз сајт што се гледа добро на секој екран, го наоѓа Google и можете сами да го уредувате.

01Веб-сајтови

Што добивате

  • Дизајн прилагоден на вашиот бренд
  • Се гледа добро на телефон, таблет и компјутер
  • Брзо вчитување, основно SEO и пријава на Google Search Console
  • Самостојно уредување на текстови и слики
  • Еден, два, три или повеќе јазици
  • Извештај за пристапност според WCAG
02Пакети

Веб-сајт

За фирма што сака да ја најдат на Google и да добива барања преку сајтот.

  • Јазици2
  • Дизајн прилагоден на брендотВклучено
  • Прилагоден за мобилен, таблет и компјутерВклучено
  • Оптимизиран за брзинаВклучено
  • SSL сертификат (https)Вклучено
  • Извештај за пристапност (WCAG)Вклучено
  • Основно SEO (наслови, описи, sitemap) и Google Search ConsoleВклучено
  • Форма за контакт / барање понудаВклучено
  • Линкови до социјални мрежиВклучено
  • Google Maps со локацијаВклучено
  • Самостојно уредување на текстови и слики (CMS)Вклучено
  • Google AnalyticsВклучено
  • Фото галеријаВклучено
  • Модул за вести / блогВклучено
  • Пребарување на сајтотНе е вклучено
Сите пакети и услови

Бесплатно

Бесплатен преглед на вашиот веб-сајт

Внесете ја адресата на сајтот и вашата е-пошта. Ви враќаме кратки препораки за брзина, приказ на телефон, SEO и пристапност - без обврска.

03Начин на работа

Од средба до сајт во живо

Шест чекори. По вториот знаете како ќе изгледа сајтот, колку чини и кога е готов.

  1. 01

    Кратка средба

    Разговараме што ви треба, за кого е сајтот и што треба да постигне. Може во канцеларија или онлајн.

  2. 02

    Предлог на дизајн, цена и рок

    Добивате предлог на дизајн, писмена понуда и рок. Без обврска.

  3. 03

    Изработка

    Го градиме сајтот според одобрениот дизајн, со вашите текстови и слики.

  4. 04

    Измени во два круга

    Два круга измени се дел од понудата, за да стигнеме до верзија со која сте задоволни.

  5. 05

    Обука и пуштање

    Ви покажуваме како сами да ги менувате текстовите и сликите, па сајтот оди во живо.

  6. 06

    Одржување по избор

    Ако сакате, ние се грижиме за ажурирањата, резервните копии и ситните измени.

04Проекти

Слични проекти

darbo.mk

Дарбо Груп

2026

Пет сектори со сосема различни дејности добија заеднички влез - за половина минута посетителот гледа кој сектор е надлежен за неговото барање.

Веб-сајтКорпоративен
humanost.org.mk

Хуманост

2026

Донаторите, корисниците и кандидатите за обука наоѓаат сè што им треба без да се јавуваат во канцеларијата - секторите, проектите, обуките и отворените огласи се објавени на сајтот.

Веб-сајтОрганизација
darbo.mk

Дарбо Солар

2026

Првото прашање за соларните панели е „за колку време ќе се исплатат“. Одговорот е на самиот сајт: калкулатор за поврат на инвестицијата и мониторинг на произведената енергија.

Веб-сајтЕнергетика
05Прашања

Прашања што ги добиваме пред понудата

Колку време трае изработката?

Зависи од бројот на страници и од тоа колку брзо ќе стигнат текстовите и сликите. Точниот рок го пишуваме во понудата, која ја добивате во рок од 48 часа.

Дали можам сам да ги менувам текстовите и сликите?

Да, во пакетите Напреден и Премиум. Добивате систем за уредување и обука при пуштањето, па за секоја ситна измена не мора да нè барате.

Дали сајтот ќе биде прилагоден за мобилен?

Да. Секој сајт работи на телефон, таблет и компјутер - тоа е вклучено во сите пакети, не се доплаќа.

Може ли сајтот да биде на повеќе јазици?

Да. Основниот пакет е на еден јазик, Напредниот на два, а Премиум на три или повеќе - на пример македонски, англиски, албански и други по ваш избор.

Што ви треба од мене?

Текстовите, сликите и логото, и една кратка средба за да знаеме што треба да постигне сајтот. Ако немате домен, ви помагаме да го регистрирате.

Што вклучува месечното одржување?

Ажурирања, резервни копии, безбедност и ситни измени на текстови и слики. Одржувањето е по избор.

Кој се грижи за хостингот и доменот?

Како што ви одговара. Можеме ние да ги обезбедиме и одржуваме, или сајтот да го поставиме на хостинг што веќе го имате.

За колку време се гледаат резултатите?

Техничките поправки се гледаат во Search Console за неколку недели. Подобрувањето на позициите е побавно и обично трае неколку месеци, зависно од конкуренцијата.

Дали гарантирате прво место на Google?

Не. Позицијата ја одредува Google, кој често го менува начинот на рангирање, па никој не може искрено да ја гарантира. Ние гарантираме сајт што е технички исправен, брз и што Google може целосно да го прочита.

Што е Google Business профил и дали ми го поставувате?

Тоа е картичката што Google ја прикажува кога некој ве бара по име или бара „во близина“ - со адреса, работно време, телефон и рецензии. Да, го поставуваме и го поврзуваме со Google Maps и со сајтот.

Сите прашања
06Контакт

Закажете разговор

Кажете ни каков сајт или продавница ви треба. Во рок од 48 часа ќе ви одговориме со предлог, рок и цена.

Или контактирајте нè директно

+389 70 344 899ViberWhatsAppgorjan@prisma.mk

Булевар Видое Смилевски Бато бр. 1, 1200 Тетово, Северна Македонија